Асоцијацијата за е-трговија на Македонија креираше платформа за дигитални услуги и дигитална солидарност!

Ова е гостински текст на Асоцијација за е-трговија на Македонија


Веб платформата „Дигитални услуги за сите”  е креирана со поддршка на Фонд за иновации и технолошки развој, и истата има за цел да ги презентира сите можности кои им стојат на располагање на граѓаните кои поради ограничувањето на движењето се останати дома, но од друга страна во целост ги презентира предностите кои со себе ги носи дигитализацијата.

Веб платформата се состои од три различни видови на дигитални услуги, кои го олеснуваат секојдневието на секој од нас, притоа овозможувајќи попродуктивно користење на слободното време поради достапноста на овие алатки.

Сите сме во ова заедно!

Има два типа на луѓе. И за двата, иднината е дигитална!Во едно можеме да бидеме сигурни – ништо повеќе не е како порано. Нашите прегратки, нашите другарувања, нашето секојдневие… повеќе ништо не е исто.🙌 Сепак, најуспешни се оние кои се адаптираат на новите предизвици. Па така…Погледни ги сите БЕСПЛАТНИ онлајн алатки, е-продавници и е-услуги на едно место! #СЕДИДОМА со дигитални услуги! Иднината е дигитална! 🚀Инспирирај се на ➡️ https://digitalniuslugi.ecommerce.mk/–Поддржано од Фонд за иновации и технолошки развој

Gepostet von Асоцијација за е-трговија на Македонија am Montag, 4. Mai 2020

Веб платформата може да ја погледнете на овој линк

„Се обидовме да ги лоцираме сите алатки и услуги кои се понудени од нашите членови и истите се објавени на веб платформата, но сакам да ве замолам доколку сметате дека има и нешто дополнително што сакате да го додадеме, слободно да нè известите“, вели Виктор Стојкоски, од Асоцијација за е-трговија.

Како Асоцијација за е-трговија, се стремиме да влијаеме на менување на дел од навиките на граѓаните за користење на дигитални услуги на долг рок, што ќе ја олесни транзицијата кон дигитално општество и ќе овозможи полесно интегрирање со светските трендови. Веб платформата „Дигитални услуги за сите“ има за цел, покрај да ги информира граѓаните на едно место за сите достапни можности кои можат да ги користат од дома, да го едуцира населението и да ги зајакне и зголеми нивните дигитални вештини

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

1 коментар на “Асоцијацијата за е-трговија на Македонија креираше платформа за дигитални услуги и дигитална солидарност!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии