Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и МАСИТ потпишаа меморандум за соработка

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, потпишаа меморандум за соработка, со цел заеднички да придонесат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето на капацитети во секторот за е-трговија во Република Македонија.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседатот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска и Извршниот Директор на МАСИТ, Анита Никова Бундовски.

Потписниците на Меморандумот, соработката ќе ја остваруват преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонесуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релвантни за областа на дејствување и соодветната целна група.

“Соработката помеѓу МАСИТ и АЕТМ е од големо значење за надминување на клучните предизвици на патот кон дигитализацијата за Република Македонија. Имаме одлични идеи и енергија во двете организации и цврство верувам дека синергијата ќе придонесе многу за нивно адресирање. Особено ќе се фокусираме на подигање и прогрес во целокупното ниво на дигитални вештини и компјутерска писемност на населението, но и на бизнисите.” – вели Д-р Нина Ангеловска

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Македонија.

5 коментари на “Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и МАСИТ потпишаа меморандум за соработка

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии