Ashampoo WinOptimizer е бесплатна колекција од системски алатки

Ashampoo WinOptimizer нуди бројни алатки за чистење и забрзување на вашето PC.

Откако ќе го преземете и инсталирате програмот ќе забележите уредно-поставени оддели.

За одржување на вашиот систем, Оne-Click Optimiser го оптимизира системот со само еден клик, Drive Cleaner го чисти хард дискот од непотребни работи, Registry Optimiser се погрижува за уреден регистар, а Internet Cleaner ги освежува и прочистува вашите прелистувачи.

За подобри перформанси, имате на располагање Service и Process Manager за подобар увид во покренатите работи, Startup Tuner за ставање крај на работи кои автоматски се покренуваат со ситемот, Uninstall Manager за уредно отстранување несакани програми, како и Internet Tuner и SSD Wizard.

Ashampoo WinOptimizer ќе ви излезе во предвид и доколку сакате да менувате одредени работи со функционирањето на самиот Windows. Па така, во одделот за прилагодување имате бројни алатки за побезбедна работа, како AntiSpy и Win10 Privacy Control, но и File Associator и Context Menu Manager.

Во случај да сакате да ѕирнете под хаубата на вашиот компјутер, Ashampoo WinOptimizer ќе ви понуди системски податоци за хардверот (System Information), целосен увид во хард дискот (Diskspace Explorer), како и можности за тестирање на вашиот систем (System Benchmark) и хард диск (HDD Benchmark). На располагање имате и HDD Inspector и Font Manager, како и File Wiper, File Manipulator, и Link Checker.

Како што кажавме, еден куп алатки.

Целосната верзија на Ashampoo WinOptimizer чинеше нешто повеќе од дваесеттина евра, но сега е бесплатно достапна за сите заинтересирани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии