Асанж е офлајн, 4Chan со Operation Hotpockets се обидува да го врати назад

Џулиан Асанж, основачот на Wikileaks, е офлајн. Причината за ова е што амбасадата на Еквадор не сака да влијае на изборите во САД, откако Асанж објави информации од мејловите на Клинтон и предупреди дека Wikileaks имаат уште многу податоци за објавување кои ќе влијаат на изборите. Првично обвинувањата беа дека станува збор за сајбер напад кој влијаел на пристапот на Асанж, но подоцна се покажа дека Еквадор како земја не сака се меша во внатрешната политика на САД.

Сепак оваа ситуација можеби и нема да потрае предолго. Контраверзниот форум 4Chan има идеја како да му помогне на г.Асанж. Идејата е во близина до амбасадата на Еквадор да се постават мобилни хотспотови. Волонтерите треба да ротираат и да овозможат постојан пристап до интернет на основачот на Wikileaks.

Неодамна сајтот објави нови податоци за активноста на Хилари Клинтон, особено мејлови кои кандидатот за претседател на САД ги чувала на нејзиниот приватен сервер, што е еден од поголемите скандали кои ги следат изборите за претседател на САД, во која кандидат покрај Хилари Клинтон е и контроверзниот бизнисмен Доналд Трамп.

Г. Асанж се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година. Државата му овозможи азил, но неговото движење е ограничено во дворот на амбасадата. Доколку ја напушти амбасадата ќе биде уапсен и екстрадиран во Шведска. Барањето за екстрадиција нема поврзаност со Wikileaks, г.Асанж се бара за полов напад во Шведска.