ARM работи на процесор за паметни возила

Дејан Соколоски

во Хардвер

Image courtesy of ARM

Процесор со  можност за подоверлива работа е следниот чекор за ARM. Компанијата го развива овој процесор најмногу за користење во следната генерација на возила. Автономните возила се една од идните платформи на кои ќе се рашират процесорите.

Cortex-A76AE доаѓа со можност за „Split-Lock“, дури и последните две букви во иметo (Automotive Enhanced) ја покажуваат примената. Split-Lock овозможува работа на процесот во два различни мода. Split Mode овозможува различни операции да се извршуваат на секое од двете јадра. Lock овозможува безбедна работа, на двете јадра се извршуваат исти процеси и резултатите се споредуваат. Ова секако обезбедува подоверлива работа. За во иднина компанијата најавува уште едно третo јадро кое ќе се користи за споредба, вели Engadget.

Конкуренција на пазарот има и повеќе од доволно. Тука се старите „познаници“ како Intel, но тука е и Nvidia кој веќе работи на процесор за паметни автомобили. Секако за ова најпрво ќе треба да видиме и како ќе се развива целата технологија на автономни или барем поврзани возила.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии