ARM ќе креира чипови за импланти кои се користат при повреди на мозокот

Дизајнерите на чипови, ARM, најавија нов проект во соработка со истражувачи од САД. АRM ќе дизајнира чипови кои ќе може да се користат во имплатнтите во мозокот на луѓето.

Овие импланти треба потоа да се користат кај пациенти кои имаат повреда на ‘рбетниот столб и немаат контрола врз екстермитетите. Кога ќе биде готов системот не само што ќе овозможи управување со рацете или нозете, туку ќе овозможи и повратна врска. Односно враќање на чувството во овие екстермитети.

„Веќе има некои прототипи“, вели директорот на одделот за здравствени технологии во ARM за BBC. „Предизвикот е да се намали потрошувачката и загревањето, за ова беше потребен процесор со многу, многу мала моќност“.

Прв чекор е да се креира SoC кој ќе може да ги испраќа сигналите од мозокот до стимулаторот кој е вграден во ‘рбетниот столб. Вториот чекор е испраќање на повратни сигнали од стимулаторот во имплантот. Парализираните пациенти не се единствените на кои ова ќе им биде од помош. Научниците се сомневаат дека технологијата може да им помогне и на пациентите кои преживеале мозочен удар. Во овој случај очекуваат рекомбинирање на повредените делови од мозокот со што би им се помогнало на пациентите.

Претходно со помош на имплант во мозокот, Бил Кочевар успеа да ја движи раката и да јаде без помош, иако е парализиран осум години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии