Аризона е првата држава во САД која се отвори за Fintech

Аризона е првата држава во САД која ќе се отвори за Fintech компаниите. Државата ќе овозможи тест рамка во која законите ќе можат да се прилагодуваат на технологијата. Ова ќе овозможи иноваторите да развиваат технологија која ќе може подоцна да се ускладува со законите. Или ако биде потребно и да се променат законите.

Овој пристап овозможува побрз развој на технологијата, наместо да чекаат да се донесат закони. Технологијата и нејзиниот развој нема да бидат забавени од законите. Ова треба да овозможи побрз развој во неколку сектори како fintech, блокчејн и крипто валути.

Со новата програма компаниите ќе можат да работат барем 2 години и да стигнат до 10.000 клиенти пред да мора и формално да побараат дозвола, јави Forbes.

Ова секако ќе ја олесни иновацијата во еден сектор кој навистина многу ветува. Нови продукти и платформи ќе може полесно да влезат на пазарот.

„FinTech ќе го промени банкарсвото од темел, финансии и технологија. Ќе бидеме прва држава која ќе го прифати ова. Со потпоишување на H.B 2434 Аризона ќе постане крајно отворена за развој на Fintech“, вели гувернерот од Аризона, Даг Дуси.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии