Archos претстави два нови Helium 4G модели со фабрички Android

Archos ги претстави своите два нови паметни телефони 50 Helium 4G и 45 Helium 4G пред почетокот на Consumer Electronic Show саемот кој почнува од следната недела. Според The Next Web, двата телефони најверојатно ќе работат на фабрички Android 4.3, односно немодифициран ОС како што го има замислено Google, а не производителот на телефоните.

Двата уреди ќе работат на 1.4 GHz процесор со четири јадра, со Adreno 305 GPU и 1 GB RAM, а главната разлика меѓу нив ќе биде големината на екранот. 45 Helium има 4,5-инчен екран со резолуција од 854×480, додека 50 Helium има 5-инчен екран со резолуција од 1280×720. Според ова поевтин модел секако е 45-ката која чини околу 200 евра, иако разликата во цената е мала бидејќи 50 Helium чини само 40 евра повеќе, односно 240 евра за кои добивате и 8-мегапиксели камера, наместо 4. Сè уште не е објавен датумот кога уредите ќе бидат достапни за продажба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии