Archive.org досега архивираше 35.000 плочи

Archive.org започна да архивира и 78rpm грамофонски плочи. Засега фокусот е на плочи кои веќе не се достапни во продажба. Проектот за архивирање музика е поддржан од George Blood, LP. Проектот трае неколку години, а сега стаса до 35.000 внесени плочи.

Приоритет за архивирање имаат плочите кои немаат дигитална форма, туку единствено како физички копии. Дигитализацијата ќе ја зголеми достапноста до оваа музика, како до истражувачите така и до обичните слушатели. Дополнително, сите ќе можат да ги слушаат овие песни без опасност од дополнително оштетување на оригиналите. Карактеристичниот шум кој се јавува кај винилот е зачуван и не е филтриран во овие копии.

Колекцијата е отворена за истражување, образование и приватна употреба. Авторските права на песните се постоечки и непроменети, ниту се префрлени на Internet Archives, објаснија од Archive.org.

Сепак, ако ништо, корисниците можат да преслушаат некој вистински класици.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии