Arc-Free е нова заразна игра од македонски програмер

Arc-Free е нова бесплатна македонска Android видеоигра од Томислав Насков. Станува збор за заразна аркадна игра која несомнено ќе ве потсети на Pacman, иако не е копија на играта.

Според Томислав, играта овозможува да го „тренирате“ мозокот и истовремено да следите два објекта на екранот. Ова би требало да ја подобри краткорочната меморија и да овозможи поедноставно/извежбано следење на повеќе објекти. Играта инаку е едноставна, управувате со два ARC-a (Pacman-и) кои можете да ги насочувате, треба да стигнете до храната, но да ги избегнувате духовите. Иако е едноставна, добар дел од играчите кои оставиле коментар се задоволни и велат дека е супер заразна, па откако ќе ја исталирате на телефонот или таблетот, збогувајте се со продуктивноста.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии