Аquaris M10 е Ubuntu хибрид кој функционира како таблет и десктоп

Шпанскиот производител BQ започна со промоција на подолго најавуваниот Ubuntu хибрид. Aquaris M10 е таблет кој може да се користи и како десктоп доколку се поврзе со монитор.

Без монитор, Aquarius M10 има 10,1 инчен екран со 800х1280 резолуција, што е сосем доволно доколку се поврзе со глувче и тастатура да се користи како лаптоп. Процесорот е четири јадрен MediaTek МТ8163А на 1,5 GHz, а батеријата на уредот е 7280 mAh. Има и 2GB RAM; звучници; две камери oд 5MP и 2MP; и 16GB слободен простор со можност за проширување со 64 GB microSD картичка.

Иако Aquaris M10 доаѓа во период кога продажбата на компјутери е во најлоша ситуација во последниве неколку години, од BQ се надеваат дека ќе успеаат да се замешаат во Windows/OS X борбата. Најголема предност на таблетот е можноста за промена од таблет во лаптоп, во декстоп. Оперативниот систем е потполно идентичен со десктоп верзијата на Ubuntu. Aquaris чини 230 евра и веќе е достапен за пордажба во Европа, остатокот од светот можеби ќе треба да почека со оглед на тоа дека BQ сепак е помал производител.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии