Apple започна да го подготвува новиот iPad 3

Apple од своите азиски партнерти нарача разни хардверски компоненти за да состави тест верзија на новиот iPad до октомври, пишува Wall Street Journal повикувајќи се на извори блиски до компанијата.

Според изворите, Apple нарачал дисплеј панели и процесори за третата генерација на таблет компјутерот кој се очекува да се појави во првите месеци од 2012 година.

Аpple не ги произведува своите компоненти туку соработува со компании од Кина и Тајван за да ги произведат хардверските делови. Според еден доставувач на компоненти, Apple веќе има нарачано 1,5 милиони iPad 3 уреди.

Се претпоставува дека новиот iPad ќе има екран со доста поголема резолуција од 2048×1536 споредена со 1024×768 на iPad 2. Според нарачката се очекува да видиме 9,7 инчен уред.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии