Apple започна битка со музичките сервиси во 100 држави

Apple Music е можеби најголемата вест на настанот на кој Apple претстави куп нови сервиси и надградби на оперативните системи. Сепак Apple Music е една од ретките апликации кои се достапни надвор од нивната платформа, бидејќи сервисот ќе биде првиот кој е достапен и за Android. Најновиот сервис за стримање на музика преку iTunes е дава објаснување за тоа што планира Apple да прави со Beats. Но, конкурентните Pandora, Spotify и Google Music се долго време на пазарот на кој Apple само што пристига. Прашање е кој треба да биде загрижен, Apple што доцни, или другите бидејќи Apple има неверојатна платформа во iOS и поддршка од сите iPhone и iPad корисници.

Сервисот ќе профункционира на 30 јуни на iPhone, iPad, iPod Touch, Mac, Apple TV и на Android! Според најавите Аpple Music ќе биде достапен во 100 држави. Иако не е објавена листата на земјите, очекуваме да ја видиме и Македонија меѓу нив. Поддршка за Android телефоните ќе биде достапна наесен. Apple Music ќе чини 10 долари месечно, а има можност и за фамилијарна претплата за 6 члена и за за 15 долари.

Од компанијата се надеваат дека прифаќањето на познати музичари и можност за интеракција со нивните фанови ќе биде она што ќе го направи сервисот поразличен и популарен. Функцијата која го овозможува ова е Connect, а ќе воозможува споделување на содржини со кој музичарите ќе можат да допрат до својата публика. „Apple Music поедноставува се за модерните музичари како мене, но и за модерните конзументи на музиката“, вели раперот Drake кој ја претстави платформата.

Можеби вистинско прашање е дали Apple конечно прифаќа дека Android е премногу голем за да биде игнориран, но и дали во иднина компаниајта ќе издаде уште некои од своите сервиси за сотанатите оперативни системи, пред се Android кој има доминација кога во прашање е бројот на телефони со овој оперативен систем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии