Аpple Watch 2 ќе биде подобар и поскап

Едвај два месеци поминаа откако Apple започна со претпродажба на својот паметен часовник, а извори од компанијата за 9to5mac веќе го најавуваат подобрениот Apple Watch 2 за 2016 година. Новата верзија на часовникот ќе доаѓа со камера, подобар бежичен систем, но и повисока цена.

Камерата на часовникот треба да биде сместена од предната страна, а со ова би се овозможиле видео разговори преку часовникот. Ова е потврдено бидејќи најавата за оваа камера Apple ја спомна на Worldwide Developer Conference. Новиот бежичен систем треба за часовникот да овозможи поголема независнот од телефоните, кои барем засега се речиси неопходни. Се чини дека за поголемо процесирање сè уште ќе биде потребен телефонот, но текст пораките, имејл и дел од „полесните“ нотификации ќе можат да пристигаат и без телефонот. Интегрирање на камера во паметен часовник сè уште е глупаво, уште повеќе доколку се има в предвид дека посериозен проток на податоци и процесирање доаѓа преку телефонот. Од Apple не најавија официјално дека телефонот ќе мора да биде во близина за користење на камерата, но според податоците се чини дека ќе биде така.

Капацитетот на батеријата нема да биде променет, а од Apple велат дека најголем дел од корисниците се задоволни со батерија која се полни навечер. Компанијата сподели податок дека најголем број од корисниците го завршуваат денот со 30-40 отсто полна батерија. Што се однесува до оперативниот систем watchOS доаѓа на есен, па без сомневање ова ќе биде минималната верзија со која ќе доаѓа новата верзија на часовникот, доколку Apple во меѓувреме не излезе со нова итерација.

Според шпекулациите новите верзии на часовникот ќе дојдат повторно во повеќе модели, овој пат се зборува за повеќе ексклузивни модели изработени од титаниум, волфрам, паладиум или платина, кој без сомневање ќе доаѓаат за петцифрени суми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии