Apple во инспекција на Foxconn фабриките кои ги произведуваат iOS уредите

После неколку самоубиства и поставување на мрежи за да се спречат слични самоубиства во иднина, Apple прими удар од јавноста за нехумани услови во Foxconn фабриките. Сега, по иницијатива на Apple, Foxconn ги отвори вратите за инспектори од Асоцијацијата за фер труд да започнат истражување за тоа какви се работните услови и условите во кои живеат работниците на Foxconn.

„Ние веруваме дека работниците од целиот свет имаат право да работат во безбедна и фер работна атмосфера, и баш затоа ги побаравме FLA независно да го оценат перформансот на нашите најголеми снабдувачи.”, вели директорот на Apple , Тим Кук.

Поради ова решение на Apple да биде оценето од надворешен инспектор, други компании за технологија исто така можат да се согласат да бидат оценувани, што може да предизвика подобри услови за поголем број на вработени во фабриките кои подолго време се критикувани за злоупотреба на работните односи.

FLA или Асоцијата за фер труд е основана во 1991 година како колаборативен напор од неколку компании, колеџи, универзитети и организации на граѓани за да се подобрат условите на работа во фабриките низ целиот свет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии