Аpple успеа да забрани продажба на Samsung Galaxy Tab 7.7 во Eвропа, но не и на Galaxy Tab 10.1N

Продолжуват судските кавги помеѓу Apple и Samsung. Овој пат во центарот на вниманието е германскиот град Дизелдорф, поточно нивниот суд. Со новата пресуда Samsung доби забрана за продажба на Galaxy Tab 7.7 на целата територија на Европа. Но, подигната е забраната за продажба на поголемиот и редизајниран Samsung Galaxy Tab 10.1N.

„Samsung е разочаран од одлуката на судот. Ќе продолжиме да ги предземаме сите мерки кои ни се на раполагање, вклучувајки ги и правните спорови, за да ги заштитиме нашите авторски права од тужбите на Apple. Ќе ги искористиме сите мерки за нашите производи да бидат достапни на целата територија на Европа.“ стои во соопштението на Samsung.

Сепак ако пресудата за Galaxy 7.7 е во корист на Apple со пресудата за 10.1 таблет компјутерот можеби ќе загуби основа за сите понатамошни жалби во судовите за овој таблет компјутер. Пресудата на судот во Дизелдорф е јасна, новиот редизајниран Galaxy 10.1N е доволно различен од забранетиот Galaxy 10.1.

Сепак ова се резултати од барањата на компаниите во предпарничната постапка, а конечните резултати ќе бидат објавени по завршување на парницата.

Оваа одлука на судот е одлична симболика за целокупните тужби помеѓу двете компании. Како и во дадениот случај, кога во еден предмет победи една компанија, на друго место најчесто ќе загуби. Па на крај и двете компании остануваат на помалку или повеќе исти позиции. Единствено се забавува работата на нови продукти и во двете компании. Сепак во дадениот случај се чини дека победи Samsung, но единствено поради моменталната сосотојба на пазарот. На пазарот на поголемите таблет компјутери до октомври и додека не се објави Microsoft Surface, нема да има поголеми поместувања. Но, на пазарот за 7-8 инчни таблет компјутери работите се менуваат благодарение на Google Nexus 7.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии