Apple треба да направи еден Android телефон, вели ко-основачот Возниак

Ко-основачот на Apple Стив Возниак ја охрабри својата компанија да креира Android паметен телефон. Гледајќи на дополнителен пазар каде би се натпреварувала компанијата, идејата на г. Возниак доаѓа по според него неуспехот на iPhone 5C, телефон кој требаше да биде поевтина варијанта на 5С, и кој, според него, компанијата не требала да го издаде. Ова не е прв пат г. Возниак да го промовира Android наспроти iOS.

„Не постои ништо што би го задржало Apple надвор од Android пазарот како втор пазар за паметни телефони. Би можеле да се натпреваруваме одлично. На корисниците им се допаѓа изгледот на квалитетот на производството кое го имаат нашите продукти во споредба со Android. Би можеле да играме во двете арени истовремено“, вели г. Возниак кој подолго време не е вклучен во одлуките на компанијата, во интервју за Wired.

Иако Android телефон од Apple најверојатно нема да видиме, сепак што се однесува до техничките можности не е невозможно. Android им е достапен на сите производители кои сакаат да го користат, а Amazon на пример има сопствена верзија на оперативниот систем. Доколку се одлучи Apple би можел да користи сопствена верзија на Android која би била прилагодена на естетиката која ја претпочитаат во Apple.

Освен ова, г. Возниак ја поддржа компанијата во одлуката да не претерува со додавање на премногу функции на новиот iPhone. Додавањето на бескорисни функции не е исто со иновација, на пример опцијата која ја имаат Samsung телефоните да фотографираат со гласовна команда „Smile“ не е иновација туку само претрупување со нови функции.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии