Apple со T2 ќе блокира дел од сервисирањата

Дејан Соколоски

во Вести, Хардвер

Процесорот T2 кој се користи во новите MacBook уреди може да ја спречи работата на уредот ако има сервисирање со неподобен хардвер.

„Т2 чипот е гилотина која виси над сопствениците на производите на Apple. Причина за ова е можноста за заклучување на секој Mac производ и дозволување на сервисирање единствено со одбрани делови кои доаѓаат од авторизиран сервис – процесот на селектирање е во првиот рестарт на уредот по сервисирањето. Можно е целата на ова да е воспоставување на поголема контрола врз тоа кој може да сервисира, преку ограничување на пристапот до резервни делови“, вели Кајл Веинс, директор на iFixit.

T2 чипот овозможува дел од новите функции на MacBook. На пример, исчитувањето на отпечатоци од  прсти, гласовно активирање со „Hey Siri“. Дополнително, чипот се користи и за зголемување на безбедноста. На пример не дозволува активирање на микрофоните на лаптопот на далечина, со што ги спречува потенцијалните хакери во своите намисли.

Сепак се чини дека ова не е сè што чипот може да направи. Чипот го скенира хардверот и ако забележи дека некој од деловите не е соодветен може веднаш да го исклучи. Чипот препознава кога специјален дел од софтвер за дијагностика е вклучен и ако не е ја блокира работата на уредот. Ова се однесува за сервисирање на дел од клучните елементи на уредите како MacBook ,iMac или Mac mini, вели Verge.

Деловите кои се „под заштита на T2“ се екранот, логичката плочка, горниот дел куќиштето, TouchID плочката и дискот.

За сервисирањето да биде завршено успешно на крајот на постапката мора да се искористи „AST 2 System Configuration suite“, во спротивно уредот ќе престане да функционира. Секако софтверот се дистрибуира единствено во Apple Store и овластените сервиси.

Со оглед на тоа дека Apple е еден од најгласните противници на „правото на сервисирање“ со кое се налага на компаниите да овозможат алат и делови за сервисирање во независни сервиси секако и не е изненадување што дел од сервисерите се сомневаат дека ова е уште еден обид на Apple да им ја отежни работата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии