Apple со iPhone гo натера Android тимот да „почне од почеток“

По две години работење, тимот на Google беше блиску да претстави нов мобилен оперативен систем кој го чуваа како најголема тајна. Ќе се вика Android и ќе биде далеку подобар од BlackBerry, кралот на тогашните паметни телефони. Но, на 9-ти јануари 2007-ма година инженерите на Google седнаа да гледаат видео стрим oд презентацијата на Стив Џобс. Тоа што го видоа на тоа прво претставување на iPhone, ги натера да размислуваат поинаку за паметните телефони.

Кога г. Џобс го претстави iPhone, веднаш се знаеше дека во рацете држи револуционерен уред кој не само што беше поврзан со iTunes, eден од најдобрите сервиси за дистрибуција на содржина, туку беше и прекрасно изработен. Г. Рубин кој за време на презентацијата на Apple патуваше кон Лас Вегас на Consumer Electronic Show, беше толку импресиониран што го натера возачот да застане покрај патот за да ја догледа презентацијата, се вели во извадокот од книгата „Dogfight: How Apple and Google Went to War and Started a Revolution“ на Фред Богелштајн, објавен од Atlantic.

„Срање. Изгледа дека нема да го испорачаме тој телефон“, рече изнанадениот Енди Рубин, креаторот на Android, алудирајќи на првите прототипови на кои работеа.

Tимот на Android имаше подобар и пософистициран софтвер од тогашниот iOS. Оперативниот систем на Apple немаше ниту мултитаскинг и мораше да се поврзе со iTunes, додека Android можеше да работи на сите уреди. Но, првичниот Android беше креиран за грд телефон со мал екран и физичка тастатура. iPhone беше кул со двојно поголем екран, елегантнo изработен, и со движења на екрано на допир со кои се чуствувате како да сте пристигнале во иднината. iPhone имаше акселометар за да може да го врти екранот од хоризонтална во вертикална позиција, и тастатура која се појавуваше кога сакате да напишете нешто, и ја снемуваше кога ќе притиснете ентер.

[youtube]Q3W58S29eSE[/youtube]

Инжинерот на Google Крис ДеСалво беше исто толку возбуден и изненаден од презентацијата за iPhone, мислејќи си дека „како потрошувач, бев вчудоневиден. Сакав веднаш да купам еден телефон. Но како инженер на Google си помислив дека ќе треба да почнеме од почеток“. Инженерите на Google можеби беа деморализирани бидејќи „тој продук кој требаше да биде најдобар, всушност изгледаше како да е од деведесетите“, вели г. ДеСалво, но знаеја дека можат да направат нешто конкурентно.

Денес, седум години од таа чудесна презентација, Аndroid владее со светот држејќи над 81 отсто од глобалниот пазар, додека iOS на Apple е на 13 отсто.

„Никогаш не го имавме чувството дека треба да престанеме да работиме на проектот, дека iPhone значече крај на играта“, вели Ерик Тсенг, тогашен проект менаџер на Android. „Но, беше поставен стандард, и што и да планиравме да објавиме, сакавме да бидеме сигурно дека ќе бидеме подобри“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии