Аpple со 99% oд сите симнати мобилни апликации

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage} Gartner, фирмата која врши ИТ истражувања, објави извештај за развојот на мобилните апликаци и приходите од тие продажби за 2009, како и предвидување за тој пазар до 2013 година. Според бројките во тој извештај ArsTechnica забележа интересен факт – Apple е единствениот крал на пазарот на апликации.

Според бројките на Gartner, во 2009 година се симнати 2.516 милиони апликации носејќи околу 430 милиони долари. Oд вкупно симнатите апликации 2.5 милијарди се симнати од Apple App Store, што му носи 99.6% удел во сите симнат апликации за минатата година. Apple при крајот на годината објавија дека се симнати 3 милијарда мобилни апликации, од нив 2.5 милијарди се симнати лани, а 500 милиони се симнати во 2008 година.

Според Gartner, пазарот на мобилни апликации во 2009 година вредел 4.2 милијарди долари. Овој пазар ќе продолжи да расне бидејќи неговата вредност привлекува внимание, вели Стефан Багдасариан, директорот на Gartner.

„Kако што паметните телефони и продавниците за апликации стануваат се попопуларни се фокус за неколку играчи, така се повеќе корисници ќе експирементираат со симнување апликации.“ вели тој додавајќи дека најчесто симнувани се видео игри и апликации за друштвени мрежи.

Gartner предвидува дека во 2010 година ќе се симнат 4.5 милијарди апликации кои ќе донесат 6.2 милијарди долари. Интересно 82 отсто од сите симнати апликации ќе бидат бесплатни апликации. Но и тие бесплатни апликации имаат вредност бидејќи во нив можат да се вметнат реклами. Приходот од рекламирањето преку мобилни апликации во 2010 година се очекува да биде 600 милиони долари.

Во 2013 година, пак, се очекува овој пазар да достигне и до 29 милијарди долари од 21 милијарда симната мобилни апликации.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии