Apple со 11 QuickТime закрпи

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Вчера во вечерните часови Apple објави 11 QuickTime закрпи за двете верзии – и за Windows и за Mac оперативните системи. Компанијата истакнa дека само 2 од грешките би можеле да дозволат на хакери да извршат напад врз корисничкиот компјутер, а другите не биле толку сериозни.

Најновата објавена верзија на QuickTime гласи 7.4.5 и е третата "тура" на закрпи за овој програм испорачани оваа година. Мислам Apple, па поминаа само 3 месеци!?

Грешките се наоѓаат во функцијата за работење со Java и PICT фајлови, и во работата со кодекот Animation. Девет од единаесет грешки се карактеризирани како грешки при кои може да биде извршен малициозен напад (термин често користен од големите компании за опишување на ризични дупки).

И покрај тврдењата на Apple, сигурносни експерти тврдат дека голем број од овие грешки можат да бидат искористени од хакерите за напаѓање на корисничката машина доколку успеат да ги намамат корисниците да пристапат до одреден веб сајт создаден за таа намена или пак ги натераат да отворат специјално направен фајл.

Само три од дупките влијаат на верзијата за Windows оперативните системи, додека останатите се за Mac OS.

Објавувањето на овие закрпи е благодарение на случувањата на настанот PWN 2 OWN каде што група на сигурносни експерти успеа за само неколку минути да го хакира најновиот лаптоп на Apple користејќи ги едни од дупките кои сега се закрпуваат. 

Што се случува со Apple и нивниот QuickTime? Во Јануари и Февруари објавија закрпи за 5 грешки, сега дополнителни 11… хм, уште ни пола година не помина а тие се соочуваат со бројка од 16 закрпи само за еден програм.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии