Apple следи корисници и го крши законот во ЕУ вели Макс Шремс

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Apple го прекршува законот во Европа и следи корисниците на iPhone. Компанијата ова го прави без да побара дозвола од корисниците, вели активистот Макс Шремс, од Европскиот центар за дигитални права (noyb). Центарот веќе испрати достава до германските и шпанските агенции.

Apple за следење на овие корисници користи код за следење кој е уникатен за секој iPhone. Податоците од IDFA-кодот (Identifier for Advertisers) овозможуваат да се следат корисниците и нивните навики без дозвола, но и без знаење на корисникот, вели Financial Times. Развивачите на апликации го користат овој код за да им покажат на корисниците релевантни реклами.

„Следењето е дозволено единствено ако корисникот изречно се согласи. Apple има функционалност за вакво барање во прелистувачот; сепак сличен код постои и на телефонот, без барање на дозвола за следење од корисникот“, вели адвокатот Стефано Розети.

Ваквото собирање на податоци го прекршува Европскиот закон за заштита на податоци. Адвокатите го пријавија прекршувањето под директивата за е-приватност. Ова овозможува локалните агенции сами да го казнат Apple и нема потреба од чекање на Европската комисија, што ќе беше случај ако претставката беше за GDPR. Поради ова регулаторите во секоја држава членка можат веднаш да го казнат Apple.

Apple вообичаено е компанијата за која сметаме дека е поодговорна со податоците на корисниците. Последниве неколку телефони промоцијата ја фокусираат на приватноста и безбедноста. Од iOS 14 корисникот ќе мора да даде дозвола, пред да овозможи споделување на податоците со развивачите на апликации. Оваа функционалност веќе требаше да биде активирана, но поради неподготвеноста на големи развивачи на апликации и мрежи за рекламирање поместена е за 2021 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии