Apple, Samsung и Google во трка за затворање на безбедносните пропусти

WikiLeaks објави дека уредите на речиси сите производители се пробиени и Централната агенција за разузнавање може да прибира податоци од нив.

Најголем дел од објавените безбедносни пропусти се однесуваат на постарите верзии на оперативните системи и најголем дел не се опасност. Сепак ова е само првиот дел од документите, а WikiLeaks наjавува нови во иднина. Најголем дел од компаниите кои се споменати излегоа со свои соопштенија.

Apple

Пропустите кои се споменати во документите, злоупотребуваат пропуст во iOS 8.2 и постари уреди. Ова е мал дел од iPhone и iPad уредите, 80% се веќе на iOS 10, а единствено 5 отсто се подложни на нападите.

„Технологијата имплементирана во iPhone е врв на безбедноста на податоците достапна на корисниците. Постојано работиме да остане вака. Нашите произвoди и софтвер се дизајнирани за да можеме набрзина да реагираме. Речиси 80% од корисниците ја користат најновата верзија на оперативниот систем.

Според нашата прва анализа најголем дел од објавените пропусти се веќе затворени со последната верзија на iOS, ќе продолжиме да работиме на зaтворање на сите пропусти.“, вели Apple.

Единствено што можат да направат корисниците на уредите е да се надеваат дека Apple, а истото важи и за Google набрзина ќе ги пронајде и затвори пропустите. Важно е редовно да го надградуваат оперативниот систем и апликации, сугерира New York Times.

Android

Со Android ситуацијата е слична како и со iOS. Пропустите се затворени на новите верзии на оперативиот систем, но кога бројот на зафатени уреди е во прашање, ситуацијата е полоша. Подложни на нападите се сите уреди со оперативен систем постар од Android 4.0, тоа се 30% од Android уредите.

Google засега нема изјава во врска со објавата на WikiLeaks. Сепак заштитата е иста како и за iOS. Корисникот треба да ја користи најновата верзија на оперативниот систем и апликации.

Samsung

Телевизорите на Samsung се едни од најинтересните уреди кои се подложни на пропустите на објавени во Vault 7. Цел на напад е Samsung F8000 серијата.

„Приватноста на корисниците и безбедноста на нашите уреди ни е приоритет. Свесни сме за објавените пропусти и разгледуваме како да ги надминеме.“, велат од Samsung.

Microsoft

Засега нема податоци за бројот на зафатени компјутери со безбедносниот пропуст, ниту дали е надминат со Windows 10. Пропустот кај Windows како и кај останатите оперативни системи ќе се надмине со редовна надградба на оперативниот систем.

Linux

Сѐ што важи за Windows важи и за Linux. Сепак огромна разлика е што оперативниот систем доаѓа со отворен код. На него работат многу волонтери и надградбите доаѓаат во брзи циклуси.

„Linux е широко распростанет оперативен систем, со огромна база низ целиот свет. Не сме изненадени што е цел на агенции од многу држави. Сепак брзите циклуси и овозможуваат на заедницата набрзина да ги затвори откриените пропусти.“, вели Нико ван Сомерен од Linux Foundation за BBC.

Рутери и интернет на нештата

Иако WikiLeaks не откри злоупотреба на уреди кои се дел од интернет на нештата, тешко е да се поверува дека не биле цел на напад. Надминувањето на опасноста за корисниците е потешко. Главна причина е реткото издавање на надградби, корисниците треба да го надградат „firmware“ на секој паметен уред, кога надградба е достапна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии