Аpple сака да инвестира во медицината и електричните автомобили на Tesla Мotors

Заситувањето на светот со паметни телефони и таблет компјутери гo тера Apple да бара нови пазари, но не за своите уреди, туку за своите идни инвестиции како паметни автомобили, јавува SF Gate. Според шпекулациите, Адријан Перица, одговорниот за аквизиции во Apple, имал средба со извршниот директор на Tesla Motors, Елон Маск, на која тема на разговор била аквизицијата на Tesla и нивните иновативни електрични автомобили. Средбата се одржала речиси пред една година, а според изворите оттогаш нема нови разговори. Засега двете компании одбиваат да ги коментираат гласините за можна аквизиција.

Втор пазар кој го истражува Apple и шефот на аквизиции г. Перица е медицината. Не е тајна дека Apple ги разгледува медицинските монитори кои би можеле да се интегрираат во паметниот часовник кој го најавува компанијата, и се очекува оваа или следната година да ја има својата прва презентација.

Новите пазари се приоритет за Apple, кој иако долго време е на врвот кога е во прашање заработката и квалитетот на паметните телефони и таблет комјутери, сепак се чини дека кога се во прашање иновациите компанијата почнува да забавува, барем во споредба со Google. Google неодамна го купи Nest кои се пионери во Интернетот на нештата, а последните аквизиции на компании се главно компании кои се занимаваат со роботика, што направија навистина импресивен тим во Google X Lab.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии