Apple сака да го купи Beats на Др. Дре за 3,2 милијарди долари

Apple планира да потроши 3,2 милијарди долари на музичкиот сервис и производителот на слушалки Beats на раперот Др. Дре и продуцентот Џими Јовин, кои пред една година имаа неуспешна соработка со HTC. Според Financial Times, зделката може да биде официјално објавена уште следната недела и може да биде најскапата аквизиција на друга компанија од страна на Apple, што е промена од политиката на покојниот Стив Џобс кој не сакаше да купува големи компании. По последните 18 месеци Apple купи 24 компании, но повеќето беа помали стартапи со иновативни технологии кои не ја проаѓаа границата од милијарда долари.

Beats би требало да им помогне на Apple во дизајнирањето на слушалки, преносни уреди и други аудио технологии. Придобивка од аквизацијата е и што на Beats публиката гледа како на „кул“ бренд. Слушалките на Beats не се евтини воопшто, се продаваат по сто, некои дури и по 450 долари, но се популарни и корисниците ги купуваат, што може да открие дека Apple, кој исто има скапи телефони, но кои се продаваат, има иста таргет група како Beats – корисници кои ќе дадат пари за супериорен продукт.

Beats исто така ќе му помогне на Apple да претстави подобар музички сервис од iTunes, сервис како Beats Music кој ќе може да се стрима музика преку мобилен телефон, налик на конкурентните Spotify, Pandora и Rdio. Музичките сервиси забележуваат раст од 50 отсто во приходите од претплати, што достигнаа до 1,1 милијарда долари во 2013-та година.

3 коментари на “Apple сака да го купи Beats на Др. Дре за 3,2 милијарди долари

  1. win.softpedia.com, wpcentral.com se uste 2 sajta od kade moze da potprocitate po nekoja nova informacija zoso iskreno, osven startup, apple, google i samsung neznaete nishto drugo da napishete, odamna prestanav da ve pratam. pozdrav

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии