И Apple работи на звучник кој ќе управува со сè

По Amazon Echo и Google Home, Apple најавува свој паметен звучник, Siri Speaker. Слично како и конкурентните уреди и со звучникот на Apple ќе може да се управуваат паметните уреди и уредите познати како Интернет на нештата.

Уредот би можел да биде претставен наскоро на WWDC, а компанијата веќе започна со производство во Азија, јави Bloomberg. Иако производството е во Азија, целиот уред е дизајниран во Калифорнија, САД.

Уредот е обид нa Apple да го популаризира Apple Music, но секако интересен е и звучникот за управување на паметниот дом. Можноста за интеграција на музичкиот сервис може да привлече дел од луѓето кои немаат инвестирано во Echo или Home. Компанијата го има HomeKit со кој звучникот ќе биде подлабоко интегриран. Siri Speaker ќе биде и хаб за HomeKit и центар за автоматизација на домот.

Но не се само сервисите на Apple причина поради која купувачите би можеле да бидат заинтересирани. Компанијата ветува дека ќе направи супериорен производ кои ќе биде задолжителе на љубителите на акустиката. Звучникот ќе генерира виртуелен сараунд, а звучниците се погласни и звукот е поквалитетен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии