Apple работи на нови екрани за следната генерација на преносни компјутери

Дејан Соколоски

во Хардвер

Apple работи на сопствени екрани за следната генерација на уреди. Компанијата има „таен“ развоен оддел во Калифорнија и каде произведува и тестира екрани, јави Bloomberg.

Според најавите, Apple работи на microLED екрани. Екраните најпрво би требало да се појават во паметните часовници. Потоа можеби и во телефоните на Apple. Она што е непознато е дали воопшто Apple има капацитет да произведе дoволно екрани.

Секако и периодот на излегување за новата технологија не е преблиску. Екраните би требало да се појават најрано за 4 години. Дополнително, ако компанијата и претстави екрани пред овој период најверојатно ќе бидат прескапи.

Што е MicroLED?

MicroLED екраните користат различни компонентии од сегашните, за осветлување на екранот. Поради ова, самите екрани, а со тоа и уредите може да бидат потенки и да бидат поштедливи кога енергијата е во прашање.

Кога екраните се во прашање, Apple ги купува од конкурентите. Најмногу екрани компанијата купува од Samsung, па од LG.

Apple успеа да произведе функционален MicroLed прототип на крајот на минатата година, јави Bloomberg. Изворите на Bloomberg велат дека екранот би се појавил во некоја следна генерација на Apple Watch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии