Apple работи на нов HomePod модел со екран и камера

Apple наскоро би можел да претстави нов модел на паметниот звучник HomePod. Покрај звучници новиот HomePod ќе доаѓа со екран и камера и според најавите ќе наликува на некој од постоечките уреди како Echo Show или Facebook Portal.

Пазарот за уреди кои се повеќе-во-еден и управуваат со паметниот дом е нов и сè уште има простор за нови уреди и производители. Amazon и Google со Echo и Nest Hub имаат голема предност, но засега е и премногу рано за шпекулации дека нема простор за конкуренција.

Она што е поинтересно е дека во актуелната верзија на паметниот звучник HomePod mini има сензор кој воопшто не се користи. HDC2010 сензорот за влажност и температура на Texas Instruments е поставен во уредот и според локацијата изгледа како намената да му мерење на надворешни услови, но сензорот е неактивен, вели Bloomberg. Идејата е информациите за температурата и влажноста да се испраќаат до термостати и вентилаторите и тука да се прави подобро/попаметно управување на нивната работа.

Засега овој сензор не прави ама баш ништо и воопшто не се користи. Во иднина можеби Apple би можел да го искористи и да додаде нови интересни функционалности. Со оглед на тоа дека за ова е потребна единствено софтверска надградба, нема да биде никакво изненадување.

Нов HomePod со екран и камера

Компанијата работи на нов модел на HomePod кој ќе доаѓа со екран и камера. Ова не е револуционерен уред на пазарот и Amazon го има Echo Show; Google го има Nest Hub Max; па дури и Facebook го има Portal.

Што ќе овозможува оваа верзија на HomePod е тешко прецизно да се каже. Неколку работи изгледаат извесни, можност за FaceTime, префрлање на постоечка интеграција со HomeKit, можеби можност за Apple TV содржини.

Уредите на Google и Amazon имаат можност да се користат како екран за комбинацијата на ѕвонче и камера, но Apple во своите уреди нема нешто вакво.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии