Apple претстави нов програмски јазик Swift

Apple објави дека го развиле наследникот на програмскиот јазик Objective-C, нов јазик наречен Swift. Новиот програмски јазик не само што ќе го направи кодирањето поедноставно, туку и апликациите ќе бидат побрзи и постабилни. Според најавите, на Swift лесно ќе се прилагодат сите кои имаат искуство со C и Objective-C. Освен ова програмерите ќе можат во своите апликации истовремено да ги користат C, Swift и Objective C, а девелоперите со него ќе можат да креираат од апликации за друштвени мрежи до 3Д-видеоигри.

Apple вели дека извршувањето на Swift на бенчмарк тестовите е многу побрзо од Python, а е побрзо и од Objective-C. Според примерите кои ги презентираше Apple, Swift имплементираните алгоритми ги забрза 1,3 пати во споредба со Objective C. Swift доаѓа со „playground“ алатката, која овозможува девелоперите да тестираат фрагменти од кодот, без притоа да треба да го компајлираат целиот код. Развојот на апликации со Swift ќе може да започне кога ќе излезе следната верзија на Xcode, која е веќе достапна во бета верзија, јави Ars Technica. Apple веќе издаде бесплатна книга која ќе ја објасни синтаксата на Swift на девелоперите. Апликациите кодирани со Swift ќе можат да се објават во AppStore по излегувањето на iOS 8 и OS X Yosemite.

[youtube]l62x8Oq_QP4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии