Apple претстави луксузна колекција на Apple Watch, изработена од Hermès

Apple, во партнерство со Hermès, започнаа со продажба на ексклузивен модел на часовник Apple Watch Hermès. Иако гледајќи ја цената ќе помислите дека станува збор за нов модел на часовникот, сепак станува збор за старите модели надградени со Hermès ремче и нов лик на часовникот. Часовникот доаѓа во три варијанти од 1.100 долари, 1.250 долри и 1.500 долари. Овие цени се превисоки дури и ако ги споредите со останатите призводи на Apple кои вообичаено се поскапи од конкурентите.

Иако партнерството на Apple и Hermès изгледа на одлична соработка, продажбата на паметни часовници доаѓа со мал проблем. За разлика од класичните часовници, паметните доаѓаат со оперативен систем и хардвер, кој без сомневање ќе застарат за неколку години. Класичните часовници на компанијата се двапати поскапи, но најверојатно ќе траат десетици пати повеќе од Apple Watch, кој во моментов не само што е ограничен со сопствениот хардвер туку е поврзан и со напредокот на iPhone. За среќа доколку Apple не ги промени димензиите, купувачите ќе можат да го користат ремчето и со следната верзија на часовникот.

Часовниците ќе бидат во продажба во ограничен број на продавници и тоа само 70 во целиот свет, иако ова изгледа на голем број, во пребројаните продавници се вклучени не само Apple и Hermès, туку повеќе скапи продавници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии