Apple претстави 27-инчен Thunderbolt екран

Apple покрај тоа што денес го најави новиот оперативен систем OS X Lion, исто така го најави и новиот Cinema Display, кој сега ќе го носи името Thunderbolt Display. Овој дисплеј ќе им овозможи на сопствениците на Mac лаптопи да добијат поголем екран со поголема видливост, на кој ќе можат да додадат други приклучоци.

Ова 27-инчно чудовиште со резолуција 2560 x 1440 и со LED екран, има вградена Facetime HD камера, 2.1 звучен систем, интегриран MagSafe полнач за Mac лаптопи, три USB 2.0 прикличоци, една порта FireWire 800, еден Gigabit Ethernet приклучок, и се разбира едeн Thunderbold приклучок на кој можат да се поврзат повеќе Thunderbolt производи.

Thunderbolt e нов I/O приклучот на Apple и Intel кој овозможува супер-брз трансфер на податоци, но и пренос на видео. Дисплејот функционира со HDMI, DVI, VGA адаптери, но со Thunderbolt приклучокот ќе можете да имате два екстерни дисплеи истовремено.

Thunderbolt Display на пазарот треба да се појави во следните 60 дена, а цената ќе му биде 1.000 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии