Apple преговара со Beats на Др. Дре за музички сервис

Тим Кук имал состанок со директорот на Beats, Џими Ловин, за потенцијално партнерство меѓу Apple и музичката компанија ко-основана од познатиот рапер Др. Дре, пишува Reuters.

Разговорите се одвивале околу „Project Daisy” на Beats кој треба да се појави при крајот на 2013-та година, што ќе биде сервис за стримање на содржина за месечна претлата. Beats успеа да собере 60 милиони долари инвестиција за да им конкурира на Spotify и Rdio, два популарни музички стриминг сервиси со над 20 милиони претплатници, од кои 5 милиони плаќаат. Овие сервиси за жал не се достапни во Македонија. Инвестицијата во Beats доаѓа од рускиот милијардер Лен Блаватник кој во 2011-та година го купи Warner Music Group за 3,3 милијарди долари.

Во преговорите меѓу Apple и Beats е вклучен Еди Кју, шеф за интернет продукти во Apple кој е клучен за стартувањето на iTunes Music Store. Според изворите на Reuters, разговорите се воделе околу бизнис моделот и планот на стартување на Daisy на различни пазари, но малку се зборувало за договорот меѓу компаниите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии