Apple потврди: iPad Mini доаѓа на 23-ти октомври

Apple испрати официјална покана до медиумите за настан кој ќе се одржи на 23-ти октомври во Сан Хосе, Калифорнија. На поканата нема ништо специјално најавено, што е типично за Apple, освен што стои дека „имаме уште нешто малку што сакаме да ви го покажеме“. Nо веќе е јавна тајна дека се работи за мини верзија на популарниот таблет компјутер.

Освен шпекулациите нема многу детали за iPad Mini. Се очекува да биде со алуминиумски дизајн како најновиот iPhone 5, можеби ќе биде 7,5 инчи и можеби ќе има A6 процесор. Цената се очекува да се движи од 200 до 350 долари бидејќи со iPad Mini се таргетира пазарот на поефтините (и послабите) таблет компјутери.

На настанот најверојатно ќе биде претставен и 13-инчниот MacBook Pro со Retina дисплеј.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии