Apple порача над 75 милиони iPhone 5G телефони

Дејан Соколоски

во Мобилни

Apple од своите партнери производители побара 75 милиони iPhone 5G телефони пред крајот на оваа година. Според неофицијални најави компанијата во октомври ќе претстави 4 нови телефони, пишува Bloomberg. Компанијата вообичаено телефоните започнува да ги испорачува во октомври, но пандемијата оваа година влијае и на производството на паметни телефони.

Новите модели на iPhone ќе доаѓаат со различна димензија на екранот, но најголема разлика од постоечките модели е петата генерација на безжично поврзување. Оваа генерација на iPhone ќе има и поголема варијација на големината на екраните.

Телефоните ќе бидат поделени во два основни и два ексклузивни модели. Основните модели ќе доаѓаат со 5,4 и 6,1-инчен екран, а ексклузивните модели доаѓаат со 6,1 и 6,7-инчен екран. За првпат на iPhone ќе биде додадена и LIDAR камера која треба да помогне со подобра проширена реалност.

Новите уреди од Apple нема да застанат на телефоните. Компанијата планира да претстави и нов iPad Pro, кој ќе доаѓа со екран од еден до друг крај на уредот без рамка околу. Новитети ќе има и кај Apple Watch паметните часовници, а ќе има и помал HomePod паметен звучник.

Дел од неофицијалните најави ги споменуваат и Air Tags уредите. AirTags се мали округли Bluetooth уреди кои треба да бидат проширување на AirClip. Овие уреди ќе обезбедуваат „линк“ за преземање на минимална верзија на некоја апликација. Apple оваа минимална верзија на апликациите (AppClip) ја претстави на настанот во јуни, но засега нема официјална вест за достапноста на овие апликации.

Очекувањата се новата генерација iPhone 5G телефони да им биде достапна на купувачите најдоцна до ноември. Презентацијата на Apple на која за првпат официјално ќе го видиме новиот телефон ќе се случи во втората половина на октомври.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии