Apple треба да се грижи повеќе за подкастите, вели NY Times

Бројот на подкасти е огромен, најголем дел од водителите од аматери стануваат професионалци, а рекламите започнуваат да пристигаат. Големите медиуми редовно ги додаваат во својата програма, но компанијата која го започна целото ова, засега не го следи трендот, вели New York Times.

Проблемот е што Аpple не им помага на креаторите на подкасти, освен што ги листа во својата продавница. Она што може да биде направено е да креираат алатка за статистика, што ќе помогне за подобро разбирање за она што слушателите сакаат да го слушаат. Така, на пример, креаторите знаат колку пати подкастот, но не знаат до каде и дали воопшто е ислушан. Но, проблемите не застануваат тука, основниот софтвер на iTunes е непроменет од 2005 година. Поради ова креаторите на подкасти имаат сериозен проблем за споделување на содржините. Засега не постои едноставен начин за споделување на социјалните мрежи, а единствен начин за привлекување на публика е преку iTunes промоции.

Само во САД подкастите имаат 46 милиони слушатели секој месец, а за оваа година очекувањата се дека просечниот број на слушатели месечно ќе порасне на 57 милиони. Сепак иако креаторите на содржини можат да заработат од рекламите, не можат да заработат дополнително од преземање на овие епизоди или од слична содржина. Доколку Apple не побрза и не им помогне на креаторите на подкастите, компанијата би можела да посматра како корисниците се префрлаат на конкурентските платформи, вели NY Times.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии