Аpple планира да продаде 40 милиони iPad-и во 2011-та

За цела 2011-та Apple планира да се продадат до 40 милиони iPаd-и, што е доста импресивна бројка земајќи в предвид дека првиот iPad продаде вкупно 15 милиони парчиња во 2010-та година.

Второ интересно нешто што не треба да се занемари за продажбата на iPad е тоа што оваа година ќе се претстават над 30 различни таблет компјутери со различни платформи и различни производители, и секако различни цени, кои можат да му станат сериозна конкуренција на Apple-овиот iPad. Знаејќи го ова, оптимистичката бројка од 40 милиони продадени iPad-и останува импресивна.

Во бројот на дистрибуцијата е вклучен и новиот iPad 2 кој ќе биде објавен за некој час и кој ќе ги има потребните две камери, предна и задна, новиотThunderbolt порт за брз пренос на податоци и уште неколку новини со кои Apple планира да остане на врвот на пазарот на таблет компјутерите. Во бројката од 6 милиони продадени iPad-и во првата четвртина се вклучени околу 300.000 до 400.000 iPad 2 уреди.

(via Venture Beat/New York Times)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии