Аpple PC таблет во 2010

IT.mk редакција

во Хардвер

{mosimage}По 4 години шпекулации и развивање, Apple е многу блиску до објавување на Apple PC таблет. Најавата дојде од текст на Financial Times
во кој пишува дека таблет ќе се појави задно со „Coctail“ проектот на Apple
дизајниран да ја зголеми продажбата на музика. „Apple забрзано работи да понуди портабилен, целосен компјутер, налик на графичка табла, кој треба да се појави до Божиќ“ пишува FT.

Претходно
и
Apple Insider најави дека Apple таблет ќе се појави на почетокот на 2010 година. Таблет ќе биде со „10 инчен монитор на допир, ќе биде мини компјутер налик на гигантски iPоd Touch“. Според Apple Insider овој проект е лично надгледуван од Стив Џобс, извршниот директор на Apple, и конечно таблет е спремна за објавување после долги години проблеми и одвлекувања по што „основачите на компанијата не веруваа дека продуктот ќе ја види светлоста на денот“.

Освен димензиите на екранот нема многу детали за истата освен дека „ќе биде одлична за гледање филмови“ пишува FT. Исто така е најаведно дека Apple може да направи договор со некои издавачи на книги, па таблет ќе може да му конкурира на Аmazon Kindle.

{mosimage}

PC таблет се уреди дизајнирани само за едноставно читање и прегледување содржина со многу малку апликации. Идејата е луѓето да се има едноставен уред за читање, пример: Kindle, CrunchPad, HP Compaq Table….



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии