Аpple oтвора прв развоен центар за iOS во Европа

Apple објави дека го отвора првиот iOS развоен центар во Европа, поточно во Неапол, Италија. Во него ќе се обучува следната генерација на iOS програмери, јави Apple, додавајќи дека студентите ќе учат за практични вештини на иновативниот и најживиот екосистем.

Според Apple европските компании заработиле над 10,2 милијарди евра благодарение на AppStore, а во Италија заради овој мобилен екосистем се вработени 75.000 луѓе. „Европа е дом на дел од најкреативните девелопери во светот, и ние сме пресреќни што можеме да помогнеме во развојот на следните италијански претприемачи да се здобијат со вештини кои им се потребни“, вели Тим Кук, директорот на Apple.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии