Apple отстрани популарна Instagram апликација бидејќи крадеше кориснички податоци

InstaAgent, популарна апликација за анализирање на Instagram профили, повеќе не може да го пронајдете во AppStore. Apple ја отстрани апликација која имаше околу 500.000 корисници, откако германски девелопер посочи дека таа всушност е malware кој собира кориснички имиња и лозинки од корисниците, јави AppleInsider.

Она што можеби е загрижувачко е што зад потполната функционалност која ја нудеше апликацијата, таа тајно ги препраќаше податоците на корисниците и до трети сервери, не само до Instagram. Понатаму овие податоци се користea за спам од профилите на корисниците. Пред да биде повлечена InstaAgent беше на прво место во бесплатните апликации, по бројот на преземања во неколку региони, помеѓу кои и Канада и Велика Британија.

Она што го загрижува Apple е што бројот на пробивање на App Store, во последниов период е загрижувачки голем. Пред неколку месеци модифицирана верзија на Xcode ја преполни продавницата со компромитирани апликации кои Apple мораше да ги отстрани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии