Apple осуден за договарање на цени на iPhone во Русија

Дејан Соколоски

во Свет

Руската државна комисија против монопол, тврди дека Apple ги договара цените на телефоните во Русија.

Обвинувањата започнаа во август 2016 година, а тогаш Apple тврдеше дека продавниците сами си ги одредуваат цените на телефоните. Властите во Русија сега откриваат дека Apple им давал насоки за цените на iPhone 5 уредите на 16 продавачи во Русија. Доколку цената се разликува од препорачаната, Apple ги контактирал и им се заканувал со прекин на договорот за продажба.

Истрагата покажала дека Apple ја диктирал цената на: iPhone 5s, iPhone 5c, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s и iPhone 6s Plus. Цената на уредите е диктирана од Apple во првите 3 месеци. Ако во овој период Apple забележал промени на цената, ги контактирал продавачите, јави  9 to 5 Mac. Оваа пракса не е забележана со iPhone 7, јави руската агенција ТАСС.

Apple може да се жали во следните 3 месеци, по што ќе биде донесена одлука. Максималната казна која може да ја плати Apple, е 15% од заработката во Русија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии