Обновено: Apple казнет со 13 милијарди евра од страна на ЕУ!

Обновено 30. август 2016, 18:30
Apple денеска постави неславен рекорд во Европа, компанијата ќе биде казнета 13 милијарди евра, поради неплатен данок. Ова е најголема казна која ја платила некоја компанија. Веднаш по објавувањето акциите на компанијата паднаа 3 отсто. Компанијата најави дека ќе ја обжали одлуката.

Казната е поради предноста која им ја овозможува пренискиот данок кој Apple го плаќа во Ирска.

„Европската комисија се обидува да ја рекреира историјата на Apple во Европа, во исто време го игнорира ирскиот и меѓународниот закон за даночење.“, е реакцијата на Apple.

Сепак, ставот на комесарот Маргарет Вестагер, е дека европските држави не можат да одбираат и да даваат даночни олеснувања на одбрани компании; ова е нелегално и забрането. Со оглед на тоа дека станува збор за висок функционер во Унијата, ова е официјален став и на Европската унија.

„Акцијата на комисијата ги загрозуваат странските инвестиции и бизнис климата во Европа. Истовремено е опасен по духот на економското партнерство помеѓу САД и Европа.“, вели портпаролот на министерството за финансии на САД.


Apple денес најверојатно ќе ја добие најголемата казна која компанија ја има добиено за незаконска државна помош, јави Financial Times. Компанијата ќе треба да врати неколку милијарди евра, поради избегнување на данок.

Поради ова Apple се стекна со привилегирана положба пред конкурентите и ги прекрши законите во Европа. Вчера одлуката им беше соопштена на комесарите во Европската унија од нивната колешка, Маргарите Вестагер. Очекувањата се дека одлуката ќе биде обжалена од Apple и од Ирска, кои тврдат дека не се прекршени закони.

Истражувачите открија дека Apple на своите производи во Европа плаќа данок помал од 1 отсто, што е помалку од 12.5 отсто данок во Ирска. Компанијата има околу 5.500 вработени во Ирска.

„Се надевам дека ќе добиеме фер сослушување. Ако ова не е случај ќе ја обжалиме пресудата.“, вели Тим Кук.

Ирска нема да биде прва држава од која е побарано да земе пари од компаниите. Холандија мораше дополнително да го оданочи Starbucks за 20-30 милиони долари. Луксембург, пак го направи истото со Fiat.

Досега рекордна казна плати француската енергетска компанија, EDF – 1.4 милијарди евра.

1 коментар на “Обновено: Apple казнет со 13 милијарди евра од страна на ЕУ!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии