Apple објави закрпа на проблемот со собирање на локации

iOS уредите ќе продолжат да складираат локација, како што е наведено во Условите за користење, но големината не кеш фајлот ќе биде помала, т.е собраните информации за локација нема да бидат од пред година дена.

Дополнително фајлот веќе нема да има бекап во iTunes, и ќе биде комплетно избришан доколку локациските сервиси на iOS уредите бидат исклучени, претходно дури и со исклучување на локацијата iOS уредите ги собираа информациите. Сите информации сега ќе бидат енкриптирани.

Целиов инцидент со локацијата има два интересни аргументи, првиот е дека компаниите земаат премногу слобода врз приватноста на корисниците. Компаниите, пак, велат дека складирање на локацијата ќе помогне за побрзо ре-конектирање на мрежите и за други локациски сервиси, Apple спомна дека ја собира локацијата „со цел да обезбеди подобра услуга во следниве неколку години“, исто како што прават и Google и Microsoft кои собираат податоци за Wi-Fi точки за своите локациски сервиси, при тоа користејќи анонимни ID за корисникот да нема поврзаност со личните податоци.

Најновотa 4.3.3. софтверска надоградба може да се симне при конектирање на уредите со iTunes.

1 коментар на “Apple објави закрпа на проблемот со собирање на локации

  1. Добра закрпа, само направиле на корисниците да им биде потежок пристапот до нивните податоци :D

    Класично од Apple, за малце помислив пред да ја прочитам статијата дека со закрпата ја тргнале оваа функционалност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии