Apple објави импресивно видео за 30-годишнината на Mac, снимено само со iPhone

Виктор Дано

во Хардвер

Apple продолжува да го слави 30-тиот роденденот на Mac, овојпат со кратко филмче за „како ја ставаме технологијата во рацете на луѓето“, снимено исклучиво со камерата на iPhone. Квалитетот на видеото е одличен земајќи предвид дека телефонот има квалитетна камера, како и сите други паметни телефони. Но, Apple се разликува од другите бидејќи секогаш знае како да продаде идеи и сонови, и содржински кратката реклама е прекрасна бидејќи прикажува како технологијата полека ни го збогати секојдневното искуство, нудејќи ни информации на дланка на било кое место, во било кое време и за било која намена. Сето тоа достапно преку допир.

„Да наздравиме за следните триесет“, вели Apple на крајот на рекламата.

[youtube]zJahlKPCL9g[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии