Apple објаснува како се користи Apple Watch со кратки видеа

Apple започна да презентира дел од можностите на Apple Watch, преку први туториал видеа кои ја покажуваат персонализацијата на часовникот. Apple Watch и не е премногу различен од паметните телефони, па и не е потребно волку детално запознавање, но сепак Apple реши дека наместо реклами ќе објави видеа со кои ќе ги придобие корисниците да купат паметен часовник.

Видеата не зборуваат единствено за како да на правите промени на часовникот, туку објаснуваат дел од решенијата кои се имплементирани, како и причината за овие одлуки. Така може да дознаеме дека „вртливото копче“ е поставено бидејќи доколку го користат екранот на допир за скролување, екранот ќе биде покриен или потребата од новата „press“ команда за додавање на поедноставна интеракција. Заедно со Welcome видеото, Apple издаде три други видеа во кои ги презентира: интеракцијата со пораките, изгледот на часовникот и Friends екранот. Ова се само првите видеа, а наскоро се најавени видеа за Maps, Phone Calls и Workouts, јави Gizmodo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии