Apple нуди бесплатна iPad апликација која децата ќе ги научи да кодираат

Swift Playgrounds е бесплатна iPad апликација која треба на децата да им помогне со основите на програмирањето. Апликацијата преку команди има за цел да ги научи децата на неопходната логика. Апликациите на iOS кој помагаат со програмирањето најчесто не се бесплатни, а оваа сепак доаѓа од Apple.

Апликацијата за поместување на карактерите во „играта“ користи команди од Swift. Ова овозможува децата веднаш да се запознаат не само со основи на програмирање, туку и со програмски јазик кој го користат и професионалци, вели New York Times.

„Кога учите да програмиратe со Swift Playgrounds го учите истиот јазик кој го користат и професионaлците. Потоа е лесно да го направите следниот чекор и да направите вистинска апликација.“, вели Брајан Крол, од Apple.

Бројот на апликации кои учат почетници да програмираат не е мал, но секоја нова апликација е добредојдена. Кампањата која ќе овозможи што е можно повеќе луѓе да знаат да програмираат е во полн ек, па Apple само додава нова апликација.

Програмирањето за iOS не само што е сѐ попопуларно, туку е и исплатливо. Основите на програмирање се исти за сите јазици, па запознавањето со Swift ќе им помогне на учениците да се потготват и за останатите јазици.

 

13apple-gif-master768

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии