Apple нема да толерира ниту расисти, ниту теории на заговор

Дејан Соколоски

во Свет

Тим Кук им порача на сите кои сметаат дека нивната раса е супериорна или споделуваат теории на заговор да си најдат друга платформа. Apple нема намера да толерира деструктивно однесување на својата платформа.

Директорот на Apple говореше на настанот организиран од „Anti-Defamation League“ (ADL). Apple е добитник на наградата „Храброст против омраза“.

„Од најраните денови на iTunes до Apple Music денес, секогаш сме забранувале музика која промовира бела надмоќ. Зошто? Бидејќи веруваме дека тоа е вистинскиот избор, а како што покажавме оваа година на AppStore нема простор ниту за насилни теории на заговор“, вели Тим Кук.

Секако вториот дел е наменет за Алекс Џонс, кој оваа година заедно со сите подкасти и апликацијата е отстранет од App Store. Токму борбата со говорот на омраза и налудничавите теории на заговор на InfoWars се дел од настаните кои одбележаа некои од месеците оваа година. Apple беше првата компанија која во целост ги забрани овие подкасти, па следеа и Facebook и Twitter и Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии