Apple не здивнува, сега вреди повеќе од Microsoft и Google заедно

Вредноста на Apple порасна за 100 милијарди долари по починувањето на Стив Џобс. Сега Apple вреди 456 милијарди долари што е повеќе од целокупната вредност на Microsoft и Google заедно. Ова се случува во период кога акциите на Google паднаа 9 отсто последниот месец, а на Microsoft заработката од оперативниот систем Windows опадна за 6 отсто.

Во овој контекст може да се потсетиме на времето кога Apple доби од Microsoft 150 милиони долари во тогаш ново склученото партнерство, но сега работите се многу поинакви и се работи за многу поголеми суми.

Кон зголемената вредност на Apple секако придонесе неодамна објавениот рекорден квартал, во кој Apple заработи 13,06 милијарди долари од продажба на 37 милиони iPhone телефони, 15 милиони iPad таблет компјутери и 5,2 милиони Mac компјутери.

Цената на Apple може во следниот период уште повеќе да се зголеми со тоа што наскоро ќе се најави iPad 3 и набрзо после тоа ќе почне да се продава, период познат по долги редици на луѓе што чекаат први да го купат новиот производ на Apple.

3 коментари на “Apple не здивнува, сега вреди повеќе од Microsoft и Google заедно

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии