Apple ја најави платежната картичка за август

Дејан Соколоски

во feature, Свет

Овој месец Apple ќе ја претстави својата платежна картичка. Оваа вест дојде заедно со финансискиот извештај за работа на компанијата во третото тримесечје на 2019 година.

Картичката ќе го зголеми портфолиото на услуги кои Apple им ги нуди на своите корисници. Дополнително, заработката во сите сектори со исклучок на iPhone е порасната од истиот период пред една година. Компанијата последните 3 месеци заработи 53,8 милијарди долари.

Единствен пад забележува продажбата на паметни телефони, од 26,5 милијарди пред една година, падна на 26 милијарди долари оваа година. По подолг период ова е едно од ретките тримесечја во кое заработката од продажбата на телефони е под 50% од вкупната заработка.

Си исклучок на телефоните компанијата имаше заработка и раст не само во сите сектори, туку и во секој регион. Малку подзаборавениот iPad донесе 5 милијарди, Mac 5,81 милијарди; часовниците и другите преносни уреди 5,52 милијарди. Заработката од сервисите на компанијата и донесе 11,45 милијарди, пораст од 13% во однос на минатата година.

„Ова e најголемо јунско тримесечје досега, предводено од рекордна заработка од сервиси, забрзан раст напреносни уреди, одлични бројки за iPad и Mac и значително подобрување на трендовите кај iPhone“, вели Тим Кук.

Интересно, компанијата најави дека во иднина е можно да го префрли производството на Mac, во САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии