Аpple Music е уште еден одличен сервис кој не е достапен во Македонија

Добри вести – Apple Music е одличен сервис, но, за жал, барем засега не е достапен во Македонија. Ова ја остава земјата со мал избор на сервиси за стримање музика. Аpple Music, Rdio, Spotify, Pandro како најпопуларните, не се достапни во Македонија. Но, го имаме Google Play Music за утеха.

Од првите рецензии се чини дека Apple има добар сервис со кој може да стане релевантен извор на музика. Но, најпрво лошите вести. Најверојатно највлијателниот новинар кога технологијата е во прашање, Валт Мосберг од Recode, вели дека за разлика од останатите производи на Apple корисничкиот интерфејс на Apple Music е посложен и позбунувачки. За среќа ова е единствената критика која ја доби Apple Music, па сите предвидуваат светла иднина за сервисот.

„Дали би платил 10 долари месечно или 120 долари годишно да го користам? Мојот одговор е одлучно „да“, со неколку забелешки. Apple креираше убава, робусна апликација и сервис кој е повеќе од огромен каталог на музика која може да ја отривате и групирате и да ја откривате“, вели г. Мосберг.

Сервисот доаѓа со целокупната iTunes збирка која корисникот ја поседува, но изборот на песни доаѓа во зависност од сите песни за кој корисникот ги преслушал, одбрал дека му се во омилените и целокупната музика базирана но досегашниот избор. „Apple Music е амбициозен сервис. Позајмува идеи од речиси сите: има UI како Rdio, каталог како Spotify, копчиња за уредување како iTunes и избор на песни од луѓе како Beats“, вели Verge.

Покрај можноста за откривање на музика, нови песни, класификација по жанрови, најнови изданија, Apple Music доаѓа со сервис за стрим на музика Beats One кој овозможува некаков начин за комуникација помеѓу артистите и слушателите.

„Најголем дел од Apple Music е Beats Music. Но ова е добро. Секогаш мислев дека Beats има најдобар механизам за откривање музика од сите сервиси. Со радио во живо, листи креирани од луѓе и пристап до iTunes песните кои корисникот ги поседува, навистина ми се допаѓа Apple Music“, вели Mashable.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии