Аpple може да плати 5 милиони долари oштета поради незгодeн WiFi

Функционалноста WiFi assist data usage која дојде со последната верзија на iOS 9 може да го чини Apple најмалку 5 милиони долари, откако Вилијам и Сузан Филипс од Флорида организираа заедничка тужба против компанијата пред судот во Калифорнија, пренесува AppleInsider. Последната верзија на оперативниот систем iOS 9 има вградена функционалност која кога има проблеми со WiFi мрежата, автоматски се префрла на мобилна мрежа. Функцијата е вклучена по надградбата, а како последица на ова огромен број на корисници добија огромни телефонски сметки поради зголемениот мобилен сообраќај.

Apple вели дека корисниците ќе имаат минимално повисоки сметки, но барем дел од нив велат дека сметките им се неколку пати повисоки. Проблемот не е единствено што апликациите и системот користат мобилен интернет, туку и недостигот на било каква нотификација при префрлањето од Wi-Fi на мобилен интернет.

Како причина за тужбата е наведено лажно рекламирање, додека да биде решен овој проблем и бидат презентирани повеќе податоци можеби надобро да ја исклучите оваа функционалност. За да го исклучите Wi-Fi assist data usage најпрво одете во Settings па во Cellular менитo, најдолу е функцијата за Wi-Fi Assist.